Шефот на Mercedes преминува во Formula 1?
Тимскиот шеф на Mercedes во Formula 1 Тото Волф може да го наследи Чејс Кери на функцијата извршен директор на светскиот шампионат кон крајот на 2020 година, кога и истекува неговиот договор со автомобилскиот производител
Со Волф на чело, Mercedes доминира во новата турбо ера во Formula 1 од 2014 година наваму, а светските титули одат кај пилотите, кои оваа сезона ја започнаа со четири двојни победи во првите четири трки.
Волф е акционер во тимот на Mercedes во Formula 1 – тој поседува 30%, а неговиот колега Ники Лауда, има 10%, додека останатите акции се на Daimler. Акционерите сепак имаат прелиминарен договор дека автомобилскиот гигант може да ги откупи акциите на Волф и Лауда, ако тие одлучат да го напуштат тимот.
Легендарниот пилот кој има три светски титули, сеуште се опоравува од трансплантација на бели дробови од минатата година и не присуствувал на трката од средината на 2018. Според анонимни извори во Mercedes, цитирани од сајтот racefans.net, Волф размислува за иднината, бидејќи победничката низа на тимот е загрозена од новите правила, кои ќе стапат на сила за сезоната 2021 и ќе вклучуваат ограничување на буџетите.
Овие правила најмногу ќе влијаат на големите тимови како Mercedes и Ferrari. Покрај тоа, сегашниот извршен директор на Daimler Дитер Цетче ќе ја напушти функцијата на крајот на мај, а тоа исто така има значење за иднината на Волф.
На местото на Цетче доаѓа Ола Калениус кој има клучна улога за забрзаниот курс на Mercedes кон електричните модели, промоцијата на EQ, а исто така е и меѓу оние кои исклучително влијаат на тоа Mercedes да влезе во Formula Е шампионатот.
Во Баку медиумите го прашаа Волф дали неговата иднина вклучува напуштање на Mercedes и нова улога во Formula 1, но тој ги задоволи само со тоа што потврди дека неговиот договор со тимот завршува во 2020 година.
Според извори од Liberty Media, сопственикот на основниот пакет акции во Formula 1, 65-годишниот Чејс Кери, кој сега е извршен директор и претседател на Liberty Media, ќе го напушти кормилото по 2020 година. Кери сепак ќе остане претседател, а Волф ќе ја преземе функцијата на CEO.