Honda со нови детали за електричната иднина на брендот
Honda сподели нови детали за планот за електрификација на европското портфолио и најави дека првиот во историјата на брендот целосно електричен градски автомобил ќе се вика Honda e
Од компанијата исто така соопштија, дека следната генерација на легендата Jazz ќе биде достапна и во i-MMD (Intelligent Multi-Mode Drive) хибридна верзија. Од Honda коментираат дека во моментот, Honda e може да се пофали со примени повеќе од 22.000 нарачки за купување од европските потрошувачи.
Потенцијалните клиенти веќе може да добијат дополнителни информации за електричниот модел од регионалните сајтови на брендот. Honda e Prototype, кој беше претставен во предпроизводствена форма за време на салонот во Женева, е во состојба да понуди автономија на движење од над 200 километри, а со помош на систем за брзо полнење, батеријата може да биде наполнета до 80% за 30 минути.
Новата генерација на Honda Jazz пак ќе ја видиме на меѓународниот саем во Токио на крајот на октомври оваа година. Стратегијата Electric Vision на компанијата, која беше потврдена и проширена за време на овогодинешниот саем во Женева, предвидува до 2025 година сите модели на брендот да се нудат и во електрична опција.