Škoda Karoq RS ќе биде хибрид
Најновиот компактен SUV модел на Škoda Karoq ќе добие спортска верзија RS, која ќе биде со хибриден погон, истакнуваат од чешкиот бренд
Идниот Кароq RS ќе има потенцијал да се спротистави на уште еден динамичен SUV од концернот – шпанската Ateca Cupra.
Главниот директор за развој на Škoda, Кристијан Штрубе, уште на саемот во Франкфурт потврди дека во фаза на развој е верзија RS на новиот модел, која се очекува да биде со нешто повеќе од 200 коњски сили, што значи дека ќе е значително послаба од SEAT Ateca Cupra, која ќе биде достапна со 2.0-литарски 4-цилиндерски бензински турбо мотор со излезна моќност од над 300 КС.
Штрубе, сепак, објасни дека Чесите ќе ја надополнат разликата во моќта користејки некоја форма на електрификација на погонот. Ова ќе биде дел од програмата на Škoda, која предвидува најмалку 1/4 од моделите на марката да добијат електрични мотори до 2025 година.
Се уште е нејасно дали Karoq ќе се потпре на plug-in хибриден систем или ќе биде „мек хибрид” со 48 волти, што ќе овозможи користење на помала батерија за поголема динамика и додавање енергија. Додавањето електрична енергија ќе му овозможи на моделот на Škoda да користи поскромни бензински мотори. Но ова нема да влијае на динамиката на кросоверот.