Новиот автомобил Aston Martin на Бонд е полн со уреди
Продолжувањето на " Goldfinger " DB5 на Aston Martin е полн со скриени уреди
Aston Martin објави слики од развојот од уредите инспирирани од филмовите за овој автомобил од 3,6 милиони долари. Минатото лето Aston Martin најави дека ќе конструира продолжение на автомобилите 25 DB5 за цена од околу 3,6 милиони долари по возило.
Велат дека ќе бидат верни репродукции на оригиналниот автомобил на Џејмс Бонд – Goldfinger. Секое DB5 продолжување ќе дојде во комплет со скриени уреди како и оние од Бонд. Aston Martin објави неколку слики кои го истакнуваат развојот на овие уреди.
Некои од најважните вклучуваат генератор на чад, цевки од автоматска пушка кои минуваат низ предните трепкачи и маслени пркалки кои се поставени зад задните трепкачи, исто како во автомобилот од филмот. Aston Martin го ангажирал Крис Корбулд, надзорникот за специјални ефекти од филмовите на Џејмс Бонд, за инженерскиот аспект на уредите.
Во случај да се прашувате, не тие не се вистински митралези – врвовите на цевките имаат светилка во нив, која свети и дава изглед како да се пука. Некои од уредите од оригиналниот филмски автомобил не се прикажани овде, вклучувајќи ги и сечилата што се извлекуваат од главите на тркалата, регистарските таблички кои се вртат со ротација и седиштето кои има исфрлач.
Дали некој од овие уреди ќе биде успешно вграден во продолжението на автомобилите допрва треба да се открие. Можеме само да се надеваме. Како егзотичен автомобил од 3,6 милиони долари, кој што не може да се регистрира за во сообраќај, мора да признаеме дека со овие гаџети е импресивен.