Lilium Jet – Иднината на транспортот?
Lilium Jet е електрична мобилна машина, која ја комбинира идејата за хеликоптер, автомобил, такси и авион во едно
Сето ова е поддржано од вкупно 36 електрични мотори. Lilium Jet може да полета вертикално и потоа да премине кон хоризонтален лет. Неговиот прв лет беше успешно завршен со прототип на почетокот на мај. Машината Lilium Jet е дело на истоименото претпријатие од Веслинг блиску до Минхен, и е наменет за превоз на пет лица. Прототипот нема управливи тркала, ниту еден пропелер, а камоли менувач.
Воздушното такси ќе може да лета со максимална брзина од 300 км/ч. Опсегот на летање е околу 300 километри, што е повеќе од поголемиот дел од своите конкуренти. Главната причина за ова е структурата на крилата.
Додека идните патнички дронови консумираат голем дел од својата енергија само за да останат во воздух, Lilium Jet ја користи аеродинамичната сила на своите цврсти крила. Како резултат на тоа, троши помало количество енергија за едно крстарење.
„Благодарение на оваа ефикасност, потрошувачката на енергија на Lilium Jet е еквивалентна на онаа на електричен автомобил при исто растојание“.
Не само што може да поврзе предградијата со урбаните центри и аеродроми со главните железнички станици, исто така обезбедува прифатлива брзина за врски помеѓу регионите. Прототипот кој сега е далеку од сериско производство мора да помине огромен број летови за тестирање.
Треба да ја постави основата за сертификација во согласност со безбедносните стандарди кои се споредливи со оние на големите комерцијални авиони. Во 2025 година компанијата сака да понуди воздушно такси.