Хибридниот BMW i8 може да добие нова целосно електрична верзија
Следната генерација на футуристичкиот хибриден BMW i8 може да биде целосно електрична
Во новиот извештај, баварската компанија ја потврдува моќноста за целосна електрификација на втората генерација на стилскиот футуристички хибриден автомобил.
Сегашниот хибриден i8 е опремен со 1,5 литарски три-цилиндарски мотор со внатрешно согорување, дополнет со електричен мотор и 11,6 kWh литиум-јонска батерија. Сепак, со цел да се остане во текот на електрификацискиот тренд, извршните директори на BMW се стремат кон тоа неговиот наследник да биде целосно електричен.
Деталите се ограничени и сеуште се држат во тајност, но префрлувањето на електричен погон се очекува да влијае позитивно на напорите на компанијата во Формула Е. Овој модел најверојатно ќе помогне и ќе послужи како хало модел во престојниот чекот на BMW електричните возила.
Доколку баварците навистина се одлучат за целосно електрифицирање на i8, неговата следна генерација треба да биде опремена со погон на сите тркала, најверојатно заснован на тој користен кај iNext. Моделот исто така е предвиден да користи и целосно нов електричен мотор, кој се очекува да обезбеди значително поголеми ротациони брзини од моменталната погонска единица на i8.
Сепак, ништо не е сигурно, така што може да очекуваме и втората генерација на овој модел да биде повторно plug-in хибридна верзија. Одлуката за погонската единица ќе биде донесена подоцна оваа година.