fbpx

Викенд тарифа: Honda NSX vs. Nissan GT-R

Фабричка и тјунинг изведба, драг пресметка помеѓу два јапонски ривали

Вечна дилема, што е подобро, поскап супер автомобил, или поевтин спортски, со дополнително вложување во тјунинг модификации?

Ова прашање решија да го одговорат дечките од Top Gear, кои на драг трка предизвикаа едни од најпосакуваните јапонски автомобили. Првиот, е супер автомобилот на Honda, односно моделот NSX, кој доаѓа со фабричка моќност од 573 коњски сили и вртежен момент од 645 Nm, а чини дури 164.000 евра.

Наспорти него, се појавува поевтиниот спортски автомобил, односно Nissan GT-R, кој пак претрпел низа тјунинг модификации од страна на тјунинг центарот Litchfield Motors. Во оригинална изведба, овој Nissan е опремен со 3,8 литарски V6 мотор, кој доаѓа со 565 коњски сили и 633 Nm вртежен момент. Благодарение на Litchfield, добивате GT-R кој сега располага со моќност од 631 коњски сили и 813 Nm, со вкупна цена од 112.000 евра.

Во однос на тежината, NSX тежи нешто помалку од 1.780 килограми, наспроти 1.800 килограми за GT-R. Двете возила се опремени со погон на сите четири тркала.

На почетокот на трката, NSX започнува со побрз старт од GT-R, најверојатно благодарение на моменталниот вртежен момент од неговите електрични мотори. Сепак, погледнете го остатокот за да видите кој автомобил ја освојува победата.

Поврзани вести

Back to top button