fbpx

Ferrari со тизер од новиот хибриден супер автомобил

Преку тизер слика, Ferrari ја најави премиерата на својот нов 1000 коњски хибриден супер автомобил

Италијанскиот производител на луксузни автомобили, на својот Instagram профил објави тизер слика од својот нов хибриден автомобил, преку која ја најави неговата официјална премиера, закажана за 29 мај.

Автомобилот, во моментов го носи кодното име F173, а ветува дека ќе биде еден од највозбудливите автомобили објавени од страна на италијанската компанија. Неодамнешните извештаи навестуваат дека супер автомобилот ќе изобилува со најнови и најнапредни системи и технологии, но објавената слика сугерира дека тој ќе има доста ретро дизајн.

Ferrari

Тизерот дава преглед во задниот дел на новото Ferrari и го покажува парот централно монтирани издувни цевки, претходно видени во различни прототипови за тестирање во близина на Маранело. Покрај тоа, она што може да се забележи е присуството на четирите фарови, кои наместо во добро познатата тркалезна форма, сега доаѓаат во поквадратна, понесувајќи многу вибрации од 1980-тите.

Хибридниот Ferrari се очекува да биде придвижуван од 3,9 литарски V8 мотор со двоен турбо-полнач, пропратен од три електрични мотори. Вкупниот излез ќе биде приближно 986 коњски сили, каде два од електричните мотори ќе бидат задолжени за погонување на предната оска, додека третиот ќе биде интегриран во менувачот, овозможувајќи му на автомобилот погон на сите тркала. Што се однесува до забрзувањето, супер автомобилот би можел 100-ката да ја достигне за само две секунди.

Поврзани вести

Back to top button