fbpx

Краток тест: Kia Ceed Black Pack – Кореец со европски гени

Со новата генерација корејската компанија гласно кажува дека повеќе не сака да биде алтернатива, туку смета дека Ceed во оваа инкарнација е на ниво кое може да му овозможи равноправна борба со развиканите европски конкуренти

Репутацијата што Kia ја постигна на стариот континент пред се се должи на моделот Ceed кој од своето преставување во 2006 година бележи позитивни резултати на традиционално конзерватитвниот пазар. За постигнатиот успех се заслужни неколку фактори, од кои најважни секако се развојот на моделот по европски терк и неговото производство во модерната фабрика што се наоѓа во Словачка.

Модерна спортска нота

Компанијата смета дека Ceed во својота трета инкарнација е на ниво кое може да цели кон врвот на класата. Новиот изглед на екстериерот е веројатно и неговиот најголем адут кој за разлика од предходникот е делеку понапред, делува свежо, динамично, спортски и пред се доста привлечно.

Атрактивната предница во која е интегрирана новоразвиената корпоративна маска е дополнета со ЛЕД диодите во предниот светлосен склоп со што е нагласена динамиката и индивидуалноста на моделот. Модерната силуета е пониска и поширока со изразени рабови кои изгледаат атрактивно без разлика од кој агол се посматра автомобилот. Особено кога е опремен во Black Pack издание, кој дополнително го поставува автомобилот на 16 инчни леснометални бандажи, мат, црни куќишта на надворешните ретровизори и црна внатрешност на предните светла.

Kia Ceed

Aтрактивен и практичен

Атрактивноста на надворешноста продолжува и во кабинскиот простор. Дизајнот е во потполна хармонија помеѓу квалитетот и употребливоста, сите инструменти се прегледни, а командите се интуитивно распоредени и за нивно користење нема потреба од долго привикнување. Ентериерот е уреден во духот на модерното време, возачката позицијата лесно се пронаоѓа и е одлично позиционирана, видливоста напред и странично е без поголеми замерки а за возање наназад добро е да се поседуваат паркинг сензори или како во овој случај, во комбинација со задна камера.

При креирањето на кабината не е заборавена ниту неговата практична намена, благодарение на одличното меѓуоскионо растојание и паметното креирање на просоторот, патниците на задната клупа имаат далеку повеќе место за колената одколу кај некои од директните ривали. Проблем не преставува ни багажниот простор чиј капацитет од 395 литри е во потполност искористив и со коректни димензии кои ќе ги задоволат потребите на четиричлено семејство.

Kia Ceed

Идеален почетен избор

Во делот на агрегатите Kia кај новиот Ceed нуди избор од повеќе моторни единици, а пакетот Black Pack под предниот поклопец единствено доаѓа во изведба со трицилиндричен турбо агрегат чија зафатнина изнесува 998 cm3. За потребите на новата генерација агрегатот е доработен поради задоволување на строгите европски правила за намалување на штетните издувни гасови и сега е компатибилен со Еuro 6d –Temp нормативите.

Наведената моќност од 120 КС која ја испорачува е повеќе од доволна за користењето во градски услови и повремени излети на подолги патеки. Автомобилот во оваа конфигурација потегнува без потешкотии, благодарение на влечната сила од 172 Нм која е на располагање од 1.500 до 4.000 врт/мин, што за возачите кои имаат спортски аспирации преставува идеален почетен избор. Агрегатот работи во спрега со доработена 6 брзинска трансмисија која се одликува со исклучителна прецизност и релативно краток од при промена на степените. Забрзувањето до 100 км/ч трае 11.3 секунди што е во рамките на класата.

Kia Ceed

Декларираната просечна потрошувачка изнесува 5.2 литри што во реални услови значи дека Ceed троши нешто над 6.5 литри на секои 100 изминати километри. Максималните 187 км/ч не се никаков проблем, сосема прифатливо за автомобили со габарити од 1.250 кг. и мотор од 1 литар. За да биде се на страната која го потегнува надворешниот дизајн се грижи подвозјето кое е сетирано некаде помеѓу спорт и комфор, што воедно овозможува возилото да се однесува многу софистицирано како на отворен пат така и на кривулести патишта.

Како бонус на сите квалитети кои ги поседува како стандард, новиот Ceed оди и неговата цена која во тестираната Black Pack конфигурација изнесува 16.340 евра, за што се добива автомобил кој е опремен над просекот со моторизација од најновата генерација и стајлинг по мерка на европските купувачи, непобитни факти кои сериозно им ги поматува сметките на етаблираните „европјани“.

За подетални информации околу новиот Kia Ceed Black Pack може да се обратите во Kia Motors Macedonia.

Поврзани вести

Back to top button