fbpx

JLR и BMW во соработка за следна електрификациска технологија

Jaguar Land Rover и BMW Group потврдија дека ќе ги здружат силите при развојот на следните генерации на електричните погонски единици

Jaguar Land Rover и BMW Group денес ја потврдија соработката за развојот на следните генерации на електричните погонски единици, во потег кој ќе го поддржи унапредувањето на технологиите за електрификација, централен дел од транзицијата на автомобилската индустрија.

Стратешката соработка ќе се заснова на значајното знаење и експертиза во областа на електрификација на двете компании. Британскиот бренд веќе ја покажа својата водечка техничка способност да го доведе првиот светски премиум батериски електричен SUV на пазарот – Jaguar I-Pace, кој воедно стана и светскиот автомобил на годината. Баварската марка, пак ќе придонесе со своето огромно искуство во развојот и производството на неколкуте генерации на електрични погонски единици, започнувајќи со BMW i3 во 2013 година.

JLR BMW

„Електрификациската транзиција претставува најголема технолошка промена во автомобилската индустрија во една генерација. Темпото на промена и интересот на потрошувачите во електрифицирани возила е вистински момент и од суштинско значење е да работиме низ индустријата за да ги унапредиме технологиите потребни за да ја испорачаме оваа возбудлива иднина“, изјави Ник Рогерс, директор на JLR.

Договорот за соработка на двете компании ќе им овозможи да ги искористат предностите на ефикасноста кои произлегуваат од заедничкото истражување и развој и планирање на производството, како и економиите на обем од заеднички набавки во синџирот на снабдување.

Електричните погонски единици ќе бидат произведени од секој партнер во сопствените производствени капацитети. За JLR ова ќе биде погонскиот производствен центар базиран во Вулверхемптон.

Поврзани вести

Back to top button