fbpx

Renault ќе направи уште еден мал SUV

Renault планира да стартува со развој на втор субкомпактен SUV, кој од 2019 година да се продава заедно со веќе мошне популарниот Captur

Новиот модел ќе биде произведен во Ваљадолид, во Шпанија, потврди менаџерот на фабриката Рафаел Васкез. Сепак, тој не даде детали за новиот модел.

Едно од размислувањата на Renault да лансира поголема варијанта на Captur, на иста платформа и новиот автомобил да се нарече Grand Captur, што успешно се користи кај Scenic. Минатата година Renault објави дека планира да инвестира над 600 милиони евра во Шпанија, за да произведува нов модел во Ваљадолид, а и да почне производството на новата верзија на 1,5-литарски dCi мотор кој ќе се прави во нови погони за мотори, како дел од фабриката. Според Васкез, голем дел од новата инвестиција ќе е за зголемување на капацитетот на фабриката, но е многу веројатно Renault Captur и новиот модел да се вклопуваат во годишно производство од 250.000 примероци. Во фабриката Ваљадолид, се произведува и електричниот Twizy.

Renault Captur

Renault Captur е најпродаван мал SUV на европскиот пазар за првите шест месеци од годината со 112.586 единици

Renault Captur е најпродаван мал SUV на европскиот пазар за првите шест месеци од годината со 112.586 единици. Пазарот во овој сегмент веќе порасна до над еден милион автомобили годишно, а кон пионерите во него Renault и Nissan се додаваат нови и нови производители.

Renault Captur

Поврзани вести

Back to top button