fbpx

Toyota претставува брутален миниван

Toyota лансира навистина мошне интересен концепт под името Tj Cruiser

 

Од компанијата велат дека ова е автомобил од нов жанр, кој комбинира простор на товарен фургон со агресивен дизајн на теренец. Димензиите на моделот се должина 4.300, ширина 1.775, височина 1.620 и растојание помеѓу двете оски 2.750 mm. Кросванoт, како го дефинираат во Toyota, е за 300 mm пократок од RAV4, а димензиите го приближуваат до Dacia Duster (4.315 mm должина) и Hyundai Creta (4270 mm).

Toyota Tj Cruiser
Toyota Tj Cruiser

Името на автомобилот е комбинација на букви креирани од зборовите Toolbox (кутија за алатки) и joy (уживање). Покривот и капакот на моторот на Tj Cruiser се покриени со посебен композит, кој е отпорен на гребнатини. Ентериерот е со 4 места, а задните заедно со предните можат да се спуштат и да формираат рамна подна површина. Во овој случај, во ентериерот може да се најдат предмети и до 3 метри во должина – на пример, даска за сурфање.
Toyota Tj Cruiser
Концептот е изграден на модуларната шасија TNGA и се потпира на хибриден агрегат врз основа на 2.0 бензински мотор. Технички детали за моторот и за самата машина не се дадени. Само е познато дека може да биде со погон само на предните и на сите четири тркала.
Други детали за Toyota Tj Cruiser ќе бидат објавени на Саемот за автомобили во Токио на крајот од месецот.

Поврзани вести

Back to top button