fbpx

Maserati го претстави Levante V8

Со 582 коњски сили и цена од 124.900 фунти, новиот Levante Trofeo достапен во Европа во само 50 примероци

Италијанскиот производител на луксузни автомобили, го претсави својот нов модел Levante, кој доаѓа во GTS и Trofeo верзија. Втората едиција е ограничена на само 50 единици за цела Европа и може да се нарача со една од трите уникатни бои на надворешност – Blue Emozione matte, Giallo Modenese and Rosso Magma.

Во внатрешноста, Trofeo Launch Edition може да се пофали со природни спортски седишта Pieno Fiore, достапни во комбинација на црно со црвено, со сина или жолта контрастност. Сината или жолта се всушност ексклузивни за оваа верзија на Levante, која исто така доаѓа со нов мат карбонски трим.

Levante

Што се однесува до погонската единица, новиот Levante Trofeo е напојуван од 3,8 литарскиот V8 twin turbo мотор, кој испорачува моќност од 582 коњски сили при 6,250 min/-1 и вртежен момент од 730 Nm. Сето ова се испраќа преку осум-степениот ZF автоматски менувач и Q4 интелигентниот погон на сите тркала, благодарение на кои ова Maserati до 100ка забрзува за само 4,1 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 300 км/час. Што се однесува до Levante GTS, тој го користи истиот погонски агрегат како и Levante Trofeo, но со нешто помала излезна моќност од 530 коњски сили.

Естетски гледано, новиот автомобил доаѓа со нов алуминиумски капак со двојни отвори, 21-инчни алуминиумски тркала, преден сплитер изработен од јаглеродни влакна, предни решетки, странични прагови и заден дифузер.

Поврзани вести

Back to top button