Kia Seltos претставен како нов глобален SUV на брендот
На специјален настан во Делхи, Индија, Kia официјално го претстави новиот Seltos
Разгледувајќи ја надворешноста, екстериерот претставува комбинација на младешкиот стил и острите линии со изглед на традиционален SUV. Широката тигарска решетка е главната карактеристика која го прави прадниот дел на автомобилот препознатлив како Kia. Малиот SUV добива фарови со имплементирани LED дневни светла, светла за магла, LED задни светла, 3D повеќеслојни индикатори и избор помеѓу 16, 17 или 18-инчни алуминиумски тркала.
Кабината е дефинирана со големиот инфозабавен систем со 10,25-инчен екран на допир, поставен во средината на контролната табла, придружуван од Sound Mood Lighting. Клиентите исто така ќе можат да го одберат и со главен дисплеј од 8 инчи, Bose премиум звучниот систем и неколку други додатоци, додека уживаат во пространиот ентериер, наменет за млади и современи купувачи.
На возачите ќе им помагаат неколку активни и пасивни системи за безбедност, како што е управувањето со стабилноста на возилото, кое вклучува контрола на тракција и електронска контрола на стабилноста, како и вообичаената помош за тргање на нагорнини, помош за сопирање, предни и задни паркинг сензори и други. Новиот Seltos може да се прилагоди на различните услови на патот, избирајќи еден од трите режими на возење, Normal, Eco и Sport.