Викенд тарифа: Urus vs G63 vs AMG GT
Не може да се негира фактот дека Lamborghini Urus е навистина многу брз SUV, но споредбено со новиот Mercedes AMG GT 63S и G63...
Lamborghini се погрижи Urus да биде најбрзиот SUV на пазарот, вградувајќи му двоен турбо 4,0 литарски V8 мотор, позајмен од Audi, кој произведува 641 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Ова е доволно за забрзување до 100 км/час за само 3,6 секунди, до максимална брзина од 305 км/час.
Овие перформанси не се само импресивни за SUV, туку се и навистина предизвикувачки и за еден од најмоќните супер седани на пазарот. Зборуваме за Mercedes AMG GT63S 4-Door Coupe, под чија хауба исто така лежи дво турбински 4,0 литарски V8 мотор, кој испорачува 630 коњски сили и 900Nm, при што 100ката ја достигнува за 3,2 секунди, пред да достигне максимална брзина од 315 км/час. Истиот агрегат се користи и кај Mercedes AMG G63, но во послаба варијанта, односно со 577 коњски сили.
Сепак, сетоа ова се само бројки на хартија, а вистинската изведба може да се спореди токму преку една ваква драг трка. Трите ѕверки на самата стартна линија, погледнете кој ќе ја понесе титулата за „најбрз“ автомобил.