Škoda ја претстави CNG изведбата на Scala
Чешкиот производител реши да се обложи на CNG, па ја претстави новата G-Tec изведбата на новиот хечбек
Škoda веќе нуди широк спектар на модерни бензински и дизел погонски единици, но не застанува таму, бидејќи исто така, сега спектарот е надополнет со CNG (компримиран природен гас) верзија на новата Scala.
Scala G-Tec е вториот модел на CNG погон на брендот по Octavia, a ќе започне со продажба во четвртиотквартал од годината, и тоа во три нивоа, Active, Ambition и Style. Опремен ќе е со 1,0 литарскиот три-цилиндарски турбо мотор, кој на хечбекот му обезбедуваат моќност од 89 коњски сили и 160 Nm вртежен момент, исполнувајќи ги Euro 6d-Temp стандардите.
Во оваа конфигурација, производителот тврди дека со сите три CNG резервоари наполнети, Scala има опсег од околу 410 километри. Доколку се земат во предвид деветте литри од резервоарот за гориво, тогаш чешкиот компактен хечбек може да измине околу 630 километри. Работењето на CNG наместо на бензин ги намалува емисиите на CO2 за дури 25 проценти.
“Природниот гас ќе игра клучна улога во портфолиото на моторите на Škoda во текот на следните години, со цел да ги намали емисиите на CO2. Нашите мотори за природен гас стануваат сè попопуларни кај нашите клиенти поради нивните ниски емисии. И секој кој ќе вози Škoda Scala G-Tech во иднина, исто така, ќе има корист од релативно ниските трошоци за гориво во многу земји”, изјави членот на одборот за технички развој, Кристијан Струбе.
Резервоарите за CNG се интегрирани во подвозјето, а како резултат на тоа, новата Scala има багажен капацитет од 339 литри, односно 128 литри помалку од бензин или дизел верзијата.