fbpx

Mercedes го електрифицира хечбекот од А-класата

Plug-in хибридната изведба на А250 се очекува да пристигне оваа есен, со електричен опсег од 59 километри

Според официјални извештаи на германската транспортна власт, plug-in хибридната верзија на Mercedes-Benz А250 е речиси спремна да дебитира и да го надополни опсегот на А-класата.

Хибридниот хечбек го носи името A250e, а нејверојатно ќе биде опремен со 1,3 литарскиот бензински мотор со турбополнач од A200, кој во оваа варијанта ќе испорачува моќност од 158 коњски сили и вртежен момент од 200 Nm. Германскиот производител ќе го надополни овој мотор со електричен мотор со пренос, кој ќе придонесе со дополнителни 101 коњски сили и 299 Nm, правејќи ја A250e помоќна од тековната A250.

За обезбедување на енергија на електричниот мотор задолжена ќе е литиум-јонска батерија од 15 kWh, која, треба да понуди електричен возен опсег од околу 59 километри. Преносот што ќе го користи А250е се очекува да биде истиот осум-степен автоматски менувач како и кај другите компактни модели на Mercedes-Benz, како GLB.

A250e

Батеријата од 15 kWh ќе биде поставена под задното седиште на A250e и ќе лежи покрај резервоарот за гориво. За да се обезбеди простор за батеријата, резервоарот за гориво на автомобилот е намален на само 35 литри. Ова ќе помогне да се намали основната тежината на возилото, со оглед на додавањето на батерискиот пакет и електричниот мотор, кои треба да го направат најтешкиот модел во опсегот на A-класата.

Деталите за цените остануваат нејасни, но неизбежно е дека цената на A250e ќе премине преку таа на нехибридниот A250 модел. Електричниот хечбек ќе биде најбрзиот не-AMG модел во семејството на А-класата и треба да биде способен да достигне 140 km/h во целосно електричен режим.

Поврзани вести

Back to top button