fbpx

Иџе не успеа да направи сензација

„Летечкиот Македонец“- нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски Иџе, не успеа да направи сензација на патеката Мост (Чешка) и да се закити со шампионската круна во ЕТСС шампионатот и заврши на четвртото место во вкупниот поредок

Нов шампион е Петар Фулин од Чешка.
Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе не успеа да го повтори успехот од Белгија на последната рунда од годинашниот ЕТСС шампионат, која беше на програмата на патеката Мост, во Чешка. Иако, сите се понадевавме дека има шанси по она петто место во квалификациите во првата трка, Иџе по инцидентот што го имаше со Шрајбер, го освои само осмото место. Со ова паднаа во вода сите надежи дека може да се освои и оваа европска титула веќе годинава, во која Иџе настапува како дел од Македонскиот национален тим и со свој автомобил.

Нашиот најдобар автормобилист беше нешто подобар во втората трка и тој ја заврши на петата позиција со 8,860 сеукнди заостанување зад победникот Петар Фулин од Чешка, кому оваа победа му донесе нова титула во ова натпреварување, негова трета во кариерата. Во генералниот пласман Петар Фулин освои 80 бода, зад него се најдоа Унгарецот Наѓ со 73, додека третата позиција му припадна на Шрајбер, кој освои четири бода повеќе од Иџе.

Ова е голем успех за макдеонскиот ас, кој годинава имаше далеку посериозен настап од она пред две сезони и доколку имаше малку повеќе среќа секако ќе се радувавме на највисоки дострели на нашиот Иџе, на кој сме навикнале во неговата кариера.

Поврзани вести

Back to top button