fbpx

Seat во 2020 влегува со ажурирани модели

Seat го ажурираше цел свој опсег, кој ги вклучува моделите од Mii до Tarraco, со проширена палета на бои и нови функции

Најмалото високо возило на компанијата, Arona, сега добива нова боја во својата палета. Наречена Pure Red, црвената варијанта станува достапна и кај моделот Ibiza.

Компактната Ateca добива надграден инфозабавен систем, со 8-инчен екран, заменувајќи го стариот 6,5-инчен екран. Достапен е и со два дополнителни USB порти во Style, Xcellence и FR нивоата, кај кои со FWD, Seat го нуди DCC системот, односно системот за динамичка контрола на шасијата.

Seat

Други промени вклучуваат додавање на приклучоци од 12V и 230V во багажникот, нова боја наречена Crystal Black и Black Pack за FR, кој додава црни завршетоци кај рамките на прозорите, ретровизорите, покривните шини и внатрешноста.

Tarraco добива неколку надградувања, како што е опционалниот систем за помош при влечење на приколка и 230V приклучок сместен во багажниот простор.

Гамата е проширена со миниванот Alhambra, кој доаѓа со стандардниот 6,5-инчен систем за навигација, а како стандардни се и системот за откривање на слепа точка и препознавање на сообраќајни знаци. Новитет кај овој модел е новата боја, наречена Reflex Silver.

Seat

Конечно, најпродаваниот модел на Seat, Leon, се нуди со специјалната верзија Sport Black Matt, која нуди црни завршетоци на рамката на решетката и ретровизорите, 18-инчни алуминиумски фелни, Алкантара седишта и црн внатрешен покрив. Leon Sportourer ST, доколку се избере со Sport Black Matt пакетот добива црни покривни шини, а на палетата на бои додадени се Pure Red за сите нивоа на опременост и Dynamic Grey само кај FR изведбата.

Моделот Mii е ажуриран со новиот Mii Electric, првиот електричен модел на Seat, кој го означува крајот на верзиите со конвенционални погони, а во производство ќе влезе во четвртиот квартал од годината.

Поврзани вести

Back to top button