fbpx

Bentley ја прослави 100 годишнината со концептниот EXP 100 GT

По повод едно вековното постоење, Bentley ја претстави својата визија кон електричната иднина преку новиот EXP 100 GT

Елегантниот и електричен GT го прикажува не само дизајнерскиот правец на брендот, туку и новиот акцент на одржливоста. Концептниот EXP 100 GT нема за брзо да добие своја производна верзија, но сепак покажува како би можел идниот знаменосец на брендот да изгледа во подалечната иднина.

Погонскиот агрегат на EXP 100 GT е составен од електрични компоненти, комбинирајќи ја технологијата на цврсти батерии со следната генерација на електрични мотори. Има вкупно четири, по еден за напојување на секое тркало, што во процесот овозможува целосна индивидуална векторизација на вртежниот момент.

Компанијата тврди дека концептниот модел може да забрза до 100 km/h за само 2,5 секунди, притоа достигнувајќи максимална брзина од 300 km/h, но не постои поткрепа на овие тврдења, со оглед на фактот дека засега се работи само за проекции кои би можеле да бидат изводливи во 2035 година.

EXP 100 GT

Она што е сигурно, е одличната промена на насоката на дизајнерскиот јазик на Bentley. Она што може да се забележие е стилот и нагласувањето на луксузот, карактеристични за моделите на производителот. Дизајнот на јадрото започнува со нов сет на пропорции, дефиниран од релативно кратката хауба и великодушниот заден препуст.

EXP 100 GT се карактеризира со иконските акценти на брендот, како и комбинација на јасни линии и заоблени, мускулни форми меѓу нив. Големите графички фарови и решетки, сега се комбинирани во еден интерактивен елемент, кој сјае во интересни светлосни шеми.

Внатрешноста е подеднакво екстравагантна, со комбинација на луксузен дрвен завршеток и рачно изработен кристал, каде секој материјал бил изложен на специјален надзорен процес во однос на нивната одржливост. Внатрешниот распоред ги поддржува и автономните и не-автономните режими, при што обезбедува високо ниво на удобност и комфор, главни фактори кај Bentley.

Поврзани вести

Back to top button