fbpx

Меѓународен ридски натпревар Водно 2019

Викендов на Водно се одржа уште едно издание на меѓународниот ридско-брзински натпревар

Викендов на веќе добро познатата патека, падините на Водно, се одржа уште едно издание на меѓународниот ридско-брзински натпревар во автомобилизам кој се бодува за FIA CENTRAL EUROPEAN ZONE, Шампионатот на Македонија и за Шампионатот на Србија, соопшти организаторот АКК „КАСТУМ КАР РЕИСИНГ ТИМ“ – Скопје.

Во саботата (20.07) со почеток во 12:00 беа одржани официјалните припреми, кои поминаа во одличен ред. Денес, недела (21.07) беше ден за натпревар, каде одржани беа две трки, на потегот од ул. „Тасино чешмиче“ до хотел „Средно Водно“ и обратно, со должина од околу 3.500 метри.

Twingo CupНа ридско-брзинскиот натпревар, своја трета трка одбележа и Twingo Cup, по двете успешни кружни трки во Кичево, како дел од својата првата сезона. Со својот тим настапи и Игор Стефановски-Иџе, кој се најде позади управувачот на неговото Hyundai i30 TCR. Покрај домашните учесници, на трката гостуваа и натпреварувачи од Црна Гора и Бугарија.

По завршувањето на двете трки, на првата позиција се најде Иџе со вкупно време од 4:06.35, втората позиција му припадна на Кимовски Димитриј со време од 4:29.93, додека пак на третото место со време од 4:34.05 се позиционираше црногорецот Јаксиќ Василије.

Целосните резултати од саботниот тренинг, како и од денешните трки може да ги погледнете на http://timingsolution.mk/Race2.html.

Vodno Trka Idze

 

Во продолжение преку фотографиите ви доловуваме дел од денешната атмосфера.

Поврзани вести

Back to top button