Електричниот BMW iNext ветува опсег од 600 километри
Како модел најавен за 2021 година, новиот електричен SUV се очекува да стане иден технолошки предводник на брендот, со пакување слично на X5
Германската марка веќе објави делови од елементите на својот иден технолошки предводник, вклучувајќи го управувачот и заоблениот дисплеј поставен на централната табла. Новите шпиунски фотки откриваат повеќе околу дизајнот на внатрешноста, каде засега прототипот е опремен со класичниот дигитален инструмент кластер, наместо финалниот. Забележливи се минималистички вибрации, кои BMW ги користи и во внатрешноста на i3.
Производната верзија на BMW iNext, за која се шпекулира дека ќе го прими името iX5, претставува батериски електричен кросовер во пакување слично со X5. Ова може да се забележи од вистинскиот X5 поставен над новиот SUV, па така што сличноста е воочлива.
Новиот iNext ќе ја користи најновата флексибилна архитектура на BMW, на која може да се базираат и модели со конвенционални мотори и електрични автомобили. Во оваа конфигурација, електричниот SUV ќе доаѓа со задно поставен електричен мотор и батериски пакет монтиран под подот на кабината.
Што се однесува околу деталите за овој модел, BMW вети возен опсег од над 600 километри, како и Ниво 3 на автономија. Производната верзија на iNext, исто така, ќе ги спакува новите најсовремени функции за поврзување кои ќе обезбедат целосно искуство со импресивниот закривен дигитален дисплеј.