Ford слави 55 години Mustang со специјално издание на моделот
Најпродаваното спортско купе во светот четврта година по ред, слави 55 години од своето постоење со воведување на новиот Mustang55
Како најпродавано спортско купе веќе четири години по ред, Mustang слави 55 години одкако за прв пат ја напушти производната линија. Како резултат на тоа, Ford ја слави годишнината со воведувањето на новиот Mustang55, базиран на V8 моделот во Европа.
Лансирајќи го наредниот месец, специјалното издание на Mustang ќе биде достапно во fastback и кабриолет изведба, со разни опции на прилагодување и стилизирање. Тука вклучени се црните ленти, дво-тонските предни горни и долни решетки и сјајни црни 19-инчни алуминиумски фелни. Достапни се и нови бои како Iconic Silver, Lucid Red, Twister Orange и Grabber Lime.
Во внатрешноста, сите верзии на Mustang55 доаѓаат со завршетоци од јаглеродни влакна, кожа на централната конзола и изработка од алкантара. Останати значајни карактеристики се SYNC3 инфозабавниот систем, B&O звучниот систем, далечински старт за автоматските модели, далечинско заклучување и отклучување на вратите, како и локатор на возилото.
Новиот Mustang55 се базира на GT моделот, задржувајќи го природно аспирираниот 5,0 литарски V8 мотор со 444 коњски сили, поврзан со шест-степен мануелен или десет-степен автоматски менувач.