fbpx

Audi A1 Citycarver, супермини спремен за урбаната џунгла

Високиот A1 Sportback е тука, но наместо Allroad, наречен е Citycarver, веројатно затоа што не нуди погон на сите тркала како останатите Allroad модели

Опишан како најпрогресивен модел во новата производна линија на А1, Citycarver комбинира кросоверски став со зголемени можности за прилагодување. Главната разлика во споредба со редовниот A1 Sportback е повисоката возна висина од 40 mm, што го олеснува влегувањето, ја подобрува видливост и, според Audi, способноста да се справи со малку потежок терен.

Постојат и други елементи кои придонесуваат за кросовер изгледот на новиот A1 Citycarver, како што се големата Singleframe октогонална решетка типична за SUV моделите на Audi, заштитата на подвозјето од нерѓосувачки челик, пластичното обложување околу сводовите на тркалата и на редизајнираните странични прагови, како и уникатните браници со повеќе робустен изглед. Уште еден уникатен елемент е задниот S line спојлер.

A1 Citycarver

Понудени се девет надворешни бои и контрастен покрив во црна Mythos или сива Manhattan металик боја, додека внатрешноста нуди нагласени површини во зелена, бакарна, портокалова или сребрено-сива боја. Постојат и три пакети на опременост: advanced, design selection и S line. Пакетот S line нуди избор помеѓу материјалите за изработка на седиштата, како алкантара и кожа, додека изборот на внатрешен дизајн го вклучува пакетот за амбиентално осветлување.

Иако нема детали во врска со изборот на мотори, Audi вели дека искуството во возењето може дополнително да се прилагоди преку динамичниот пакет кој вклучува диск-кочници со спортски црвени шапи, Audi динамичен управувачки систем и суспензија со прилагодливи амортизери. Кај моделите опремени со овој пакет постои избор на алуминиумски фелни со големи до 18-инчи.

Audi ќе започне да прима нарачки за новиот A1 Citycarver од следниот месец, при што првите испораки се очекуваат оваа есен. Лансирањето на пазарот ќе биде означено со моделот Edition One, во завршна Arrow Gray и Pulse Orange.

Поврзани вести

Back to top button