fbpx

Porsche ги претстави новите 911 Carrera Coupé и 911 Carrera Cabriolet

Линијата 911 на Porsche доби дополнување со новите Coupé и Cabriolet изведби на популарниот 911 Carrera

Осум месеци по дебито на Porsche 911 Carrera S, германскиот бренд го претстави стандардниот 911 Carrera како дополнување на семејството 911. Новиот член на осмата генерација на Porsche доаѓа во Coupé и Cabriolet изведба, чии испораки ќе започнат во почетокот на 2020 година.

Новиот 911 Carrera ќе биде погонуван од 3,0 литарскиот шест-цилиндарски би-турбо мотор, кој му обезбедува моќност од 385 коњски сили и вртежен момент од 450 Nm, пренесени преку осум-степен автоматски менувач со двојна спојка. Споредбено, тоа се 15 коњски сили повеќе во однос на својот претходник.

Porsche

Што се однесува до забрзувањето, Porsche 911 Carrera Coupé спринтот до 100 km/h го достигнува за 4,2 секунди, а доколку се одбере и Sport Chrono опционалниот пакет, времето дополнително се скратува за 0,2 секунди. Кај 911 Carrera Cabriolet, поради дополнителната тежина, ова време изнесува 4,4 секунди, кое се смалува на 4,2 со Sport Chrono пакетот. Чисто за споредба, кабрио изведбата на 911 Carrera S ја достигнува 100ката за 3,9 секунди, односно 3,7 со Sport Chrono.

Популарниот спортски автомобил ги споделува своите врвни стандардни карактеристики со 911 Carrera S. Тука вклучен е висококвалитетниот ентериер со 10,9-инчен инфозабавен систем со екран на допир, сеопфатна поврзаност и, исто така, иновативни системи за помош, како што е Porsche режимот за мокра подлога, кој овозможува уште побезбедно управување на влажните коловози . Новата 911 Carrera се одликува со помали алуминиумски фелни и сопирачки, како и со индивидуални капаци на задните отвори на системот за издувни гасови.

Поврзани вести

Back to top button