Hyundai со систем за сигнализација за состојбата на задната клупа
Системот ќе доаѓа како стандарден, а наменет ќе биде за спречување на смрт и топлотни удари на деца и миленичиња заборавени во автомобилот
Со цел да ја спречи трагичната смрт и топлотните удари на децата и миленичињата заборавени во автомобилите во летните горештини, корејската компанија најави дека системот за сигнализација ќе стане стандарден во моделите на брендот. Тој ќе доаѓа во две различни форми.
Најосновниот е систем има за задача да детектира дали задните врати се отвориле или затвориле пред да се стартува возилото. Одкако ова ќе се случи, системот ќе го потсети возачот да ја провери задната клупа пред да излезе од возилото. Технологијата е релативно едноставна и ќе биде инсталирана на повеќето нови возила до 2022 година. Првиот модел кој ќе го има овој систем е 2020 Sonata, кој пристигнува подоцна оваа година.
Втората форма е изведена преку ултразвучна технологија и е понапредна, бидејќи го комбинира гореспоменатиот систем со ултразвучен сензор, кој открива движење на деца и миленичиња оставени во вториот ред. Доколку возачот го напушти возилото, а системот детектира присуство на задната клупа, тој ќе испрати сигнално предупредување преку свирката на автомобилот и неговите светлосни уреди, а потоа и ќе испрати и предупредување до паметниот телефон на сопственикот.
Ултразвучниот систем за предурпедување дебитираше како опционален во Santa Fe моделот од 2019, а како стандардна опрема ќе се најде во моделите 2020 Santa Fe и Palisade.