fbpx

BMW со специјални едиции ги одржува i3 и i8 свежи

BMW претстави две специјални изданија, i3s Edition RoadStyle и i8 Ultimate Sophisto Edition, ограничени на само 1.200 примероци ширум светот

Специјалното издание на i3s Edition RoadStyle ќе доаѓа во нешто помалку од 1.000 единици, а се карактеризира Fluid Black надворешна боја и бакарно-портокалови акценти, кои го прават да се издвојува од останатите модели. Други надворешни детали се и 20-инчните лесни алуминиумски фелни во Jet Black завршеток.

Што се однесува до кабината, таа исто така добива и некои специјални допири, кои вклучуваат Dalbergia Brown кожа со Dark Oak мат дрвена изработка и потпирачи со натписот „Edition RoadStyle“. Механички, нема промени, што значи дека сè уште користи eDrive мотор со 181 коњски сили и 270 Nm вртежен момент, поврзан со батерија од 42,2 kWh.

i3s Edition RoadStyle

За новиот i8 Ultimate Sophisto Edition, BMW вели дека е последното поглавје во серијата i8, што укажува дека хибриден спортски автомобил нема да трае уште долго. Надворешноста доаѓа во Sophisto Grey боја исто така со бакарно-портокалови завршетоци и карактеристични 20-инчни алуминиумски фелни. Во внатрешноста, поставена е плочка со ознака дека автомобилот е „1 од 200“ и натпис „Ultimate Sophisto Edition“.

Новата едиција на i8 е достапна и во Coupe и Convertible форма. Хибридниот погон и тука е без промени, со стандардни 360 коњски сили, кои го забрзуваат до 100 километри на час за 4,4 секунди.

Поврзани вести

Back to top button