Porsche го претстави Taycan истовремено на три различни континенти
Хидроцентрали, соларна фарма и ветерна фарма- локации каде е истакната одржливата енергија
Новиот Taycan – електричниот млад и разигран коњ. Претставен во две верзии и тоа Turbo и Turbo S.
Послабиот доаѓа во варијанта од 687 коњски сили и вртежен момент од 850 Nm, благодарение на кои од 0-100 km/h забрзува за 3,2 секунди.
Појаката изведба располага со моќност од 761 коњски сили и неверојатни 1050 Nm, кои му овозможуваат на Taycan да забрза до 100 km/h за само 2,8секунди, додека пак 200 km/h достигнува за 9,8 секунди.
Електричниот Tycan опремен е со 93 kWh батерија, каде послабата верзија има возен опсег од 455 километри, додека пак таа со појакиот мотор може да измине пат од 420 километри со едно полнење.
На 800 волтен полнат, батеријата за 5 мин може да се наполни доволно за да се измине пат од 100 километри.
Се очекува наскоро да бидат прикажани и други изведби од кои прва ќе биде Taycan Cross Turismo. Во фабриката што се наоѓа во Цуфенхаузен, Германија ќе се произведуваат 40.000 примероци годишно.
Премиерата во Северна Америка се одржи на Нијагарините водопади. Европското деби се одржи на соларна фарма во близина на Берлин додека азиското на ветерна фарма на островот Пингтан. Погледнете го видеото!