fbpx

Audi со E-tron Sportback во Лос Анџелес

Најавен за прв пат во Женева годинава, Audi ја закажа официјалната премиера на E-tron Sportback на Саемот за автомобили во Лос Анџелес во ноември

Најавата беше објавена за време на тековниот меѓународниот автомобилски саем во Франкфурт, каде што автомобилот беше прикажан кратко на екранот. Прикажаната верзија беше камуфлиран прототип E-tron Sportback, кој претходно Audi го претстави во март на меѓународниот саем во Женева.

E-tron Sportback е купе-верзија на електричниот SUV E-tron лансиран за 2019 година, а треба да се појави на пазарот некаде следната година. Стандардниот E-tron беше лансиран со батерија од 95 kWh, погон на сите тркала, моќност од 400 коњски сили и вртежен момент 665 Nm. Ваквата конфигурација овозможува забрзување до 100 km/h за 5,6 секунди и електричен опсег од 330 километри.

Што се однесува до внатрешноста, кабината на E-tron Sportback треба во голема мера да наликува на таа кај E-tron, со три монитори кои ја оформуваат инструмент таблата и камери кои ги заменуваат страничните ретровизори.

Производството на E-tron Sportback ќе се одвива заедно со E-tron во фабриката на Audi во Брисел, Белгија.

Поврзани вести

Back to top button