VW ID.4 забележан за време на тестирање
По прегледот на IAA во Франкфурт, следното електрично возило од семејството ID на VW е забележано за време на тестирање на Алпите
Најверојатно ќе го носи името ID.4, прозиводната верзија на ID.Crozz всушност претставува кросовер изведба на компактниот ID.3.
И покрај тоа што електричниот кросовер носи различен сет на камуфлажа од прототипот ID.4 што беше прикажан во Франкфурт, сосема е јасно дека се работи за истото возило. Предните и задните светла се идентични, како и пропорциите и некои видливи детали како што се формата на воздушните отвори во предниот браник.
Претстојниот ID.4 е многу важен модел за Volkswagen во САД, бидејќи ќе биде првиот член на палетата ID достапен во регионот, започнувајќи од следната пролет. Ова е поради одлуката на компанијата да не го понуди ID.3 на пазарот во Северна Америка, што е сосема разбирливо, бидејќи SUV моделите се многу попопуларни и профитабилни од компактните хечбекови на овие простори.
Засега, никакви спецификации не се достапни, но ID.4 треба да ја користи истата MEB модуларна електрична платформа и погонот за возење како и ID.3, со главна разлика во понудата на погон на сите четири тркала.
Производителот се очекува да започне со прифаќање на нарачки за ID.4 од следната пролет, а првите возила би биле испорачани до крајот на 2020 година.