fbpx

Mitsubishi со нов SUV концепт на саемот во Токио

Mitsubishi Motors денес најави дека на 46-от саем за автомобили во Токио ќе покаже концепт на помал теренец

Станува збор за помал plug-in хибриден SUV концепт чие име засега е непознато, а први ќе го видат посетителите на саемот во Токио, што ќе се одржи од 24 октомври до 4 ноември 2019 година. Во соопштението се наведува дека овој автомобил комбинира електрификација со стручноста на компанијата, а тоа е погон на сите тркала. Под концептот „електричен теренец кој обезбедува неспоредливо задоволство при возењето и доверба на сите терени“, Mitsubishi Motors ќе предложи нови вредности кои ги комбинираат SUV, PHEV и електричен 4WD систем.

Поврзани вести

Back to top button