fbpx

Volkswagen го испраќа Golf 7 со три нови изданија

Volkswagen ги објави верзиите Match Edition, GT Edition и R-Line Edition на тековниот Golf, пред доаѓањето на осмата генерација следната година

Во подготовките за лансирањето на осмата генерација на популарниот Golf, германскиот бренд го издаде тековнот Golf со три нови трим нивоа, наречени Match Edition, GT Edition и R-Line Edition. Тие ги заменуваат постојните спецификации Match, GT and R-Line и додаваат низа дополнителна опрема.

Трите нови нивоa чинат приближно 450 евра повеќе од моделите што ги заменуваат, но додаваат и дополнителни додатоци во вредност од околу 2100 евра. Така, новите едиции на Golf добиваат дво-зонска клима, LED предни светла и Volkswagen зимски пакет, во кој се наоѓаат загреаните предни седишта, млазниците за миење на предните фарови и загреаните млазници за миење на ветробранското стакло.

Golf

Volkswagen Golf GT Edition се наоѓа во средина на опсегот и доаѓа со 1,5 литарскиот бензински мотор со моќност од 135 коњски сили. Доколку се одлучите за караванската изведба на новата едиција, ќе го добиете 2,0 литарскиот TDI мотор со 150 коњски сили.

Хечбекот со Golf R-Line Edition, како и досегашниот R-Line е опремен со 1,5 литарскиот турбо EVO TSI мотор, со 150 коњски сили, а достапен ќе биде и во дизел варијанта, со 2,0 литарскиот TDI и моќност од 150 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button