fbpx

Франкфурт 2019: Нов амблем за Volkswagen

Со слоганот „New Volkswagen“, марката започнува целосен редизајн на неговиот идентитет, a првиот чекор е веќе направен со вметнување на новото лого на компанијата

„Новиот дизајн на марката означува почеток на новата ера за Volkswagen“, потенцираше Јирген Стакман, член на одборот на VW, одговорен за одделот за продажба, маркетинг и пост продажба.

Со формулирање на нови содржини и со нови производи, марката претрпува фундаментална трансформација во својата иднина. Сега е време да изградиме нов став на брендот, видлив и за надворешниот свет.

Ребрендирањето на Volkswagen започнува денес во Франкфурт, по што постепено ќе стигне до сите центри на глобално ниво. Процесот, кој ќе опфати 154 земји и повеќе од 10.000 објекти, а се очекува да биде завршен до средината на следната година со заменети околу 70.000 логоа.

Друг интересен аспект на воведувањето на новиот идентитет на марката Volkswagen ќе биде тоа што за прв пат во својата историја брендот ќе има и аудио лого.

1 | Volkswagen
2 | Volkswagen
3 | Volkswagen

    Поврзани вести

    Back to top button