Што донесува новиот Mercedes-Benz CLS?
Премиерата на третата генерација на Mercedes CLS седан е закажана за автосалонот во Лос Анџелес во ноември
Премиерата на третата генерација на Mercedes-Benz CLS седан е закажана за автосалонот во Лос Анџелес во ноември. Меѓутоа, од британското издание Autocar, успеаја да се запознаат со предсезонската верзија на автомобилот и откриваат детали за моделот.
Mercedes-Benz CLS
Новиот Mercedes CLS ќе го зачува обликот на својот претходник. Ова е модел со низок покрив со 4 врати, кој ќе се вклопи во големината и цената помеѓу традиционалните седански E и S-класа. Карванска верзијата во новата генерација нема да има, бидејќи анализите велат дека интересот за неа е многу слаб.
Промените во изгледот влијаат прво на сите светла кои го следат новиот дизајн на Mercedes-Benz. Тие се со необична форма и со дневни светла. Моделот има 18, 19 и 20-инчни тркала.
Внатрешноста не нуди изненадувања, бидејќи е слична на E и S-класа. Пред возачот има два дисплеја, еден за инструментите, а другиот за мултимедијалниот систем. Вентилационите дефлектори се исти како и за Е-класата. На барање на купувачот, задните седишта можат да се поделат на две или три.
Моделот е изграден на MRA платформата, позајмена од E-класа, но електрониката и повеќето опции се исти како S-класа. Стандардната суспензија е на пружини, а адаптивните амортизери се достапни како опција. Основните мотори се две со четири цилиндри. Дизелот развива 244 КС и бензинот е 299 КС. Следат линиските 6-цилиндерски мотори, кои во дизелот развиваат 285 или 340 КС, а во случајот со бензин – 367 КС. Исто така, ќе има верзија на AMG со 435 КС, но сè уште е нејасно дали ќе има варијанта со V8 единица. Во најава е и „мек хибрид“.