fbpx

BMW ги претстави M изведбите на X5 и X6

Во третата генерација баварските SUV модели влегуваат со M и M Competition верзија и расположлива моќност од 600 и 625 КС

Под хаубата кај двата M модели се наоѓа 4,4 литарскиот M TwinPower Turbo V8 мотор, кој произведува моќност од 600 коњски сили и 750 Nm вртежен момент, пренесени преку осум-степен M Steptronic менувач до системот за погон на сите четири тркала со активен M диференцијал.

Ваквиот погонски агрегат на X5 M и X6 M им овозможува забрзување до 100 km/h за само 3,9 секунди, пред да ја достигнат максималната ограничена брзина од 250 km/h, која благодарение на опционалниот M Driver’s пакет може да порасне до 290 km/h.

1 |  
2 |

    За оние на кои овие перформансни бројки не звучат доволно примамливо, може да се одлучат за новите Competition варијанти на X5 M и X6 M. Тие доаѓаат со надграден погон, кој сега обезбедува моќност од 625 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Ова го намалува времето за спринт до 100ката за 0,1 секунда, односно на 3,8 секудни, додека пак крајната брзина останува иста.

    Перформансните карактеристики се застапени и под моторниот простор, па така овие баварските SUV модели се опремени со активна адаптивна суспензија, ревидиран систем за управување и надградена шасија. Секако, стандардниот систем за кочење е заменет со високо-перформансен.

    Што се однесува до надворешниот дизајн, X5 M и X6 M имаат поагресивен изглед, со ревидирана предна решетка и аеродинамички оптимизирани странични ретровизори. Во задниот дел преовладува издувниот систем со четири завршетоци, кој се прилагодува во однос на избраниот работен режим. Competition варијантите доаѓаат со погласниот M Sport издувен систем, кој е опционален кај X5 M и X6 M.

    Во поглед на внатрешноста, кабината во најголем дел се пренесува од стандардните X5 и X6, а она што ги прави поразлични е асортиманот на специјални акценти. Тука вклучен е кожниот M управувач, мултифункционалните спортски седишта, алуминиумски или карбонски завршетоци, уникатна рачка на менувачот со M лого и специјални шивови.

    Поврзани вести

    Back to top button