Kia Stinger достојно се спротистави на Holden Commodore SS-V Redline
Новата Kia Stinger фастбек е еден од најчесто дискутираните модели на пазарот во моментов, па логично е да ја споредуваат со други автомобили на тест патеките
Новата Kia Stinger фастбек е еден од најчесто дискутираните модели на пазарот во моментов. Па логично е да ја споредуваат со други автомобили на тест патеките. Корејската изведба пријатни изненадува со својата динамичност и перфорнманси.
Holden Commodore SS-V Redline
CarAdvice изданието одлучи да ја измери динамиката на корејската машина со тоа што ја спореди со набилданииот седан Holden Commodore SS-V Redline. Тестот беше спроведен во Австралискиот центар за истражување на автомобилите (AACR).
За оваа цел беше уптребена најмоќната верзија на Stinger, со 3.3-литарски V6 биотурбо мотор кој развива 370 КС и 510 Nm. Задниот спојлер е опремен со систем за заклучување и има механички само-заклучувачки диференцијал. Според мерњата во Центарот забрзувањето од 0 до 100 km/h кај оваа изведба трае 4,8 секунди.
Kia Stinger vs. Holden Commodore SS-V Redline
Ривал во овој случај беше Holden Commodore SS-V Redline, кој се нуди во САД како Chevrolet SS, а се напојува со 6.2-литарски V8 со 413 КС и 570 Nm вртежен момент. Стандардните карактеристики вклучуваат диференцијал со самозаклучување и суспензија со спортски поставувања. Од 0 до 100 km/h овој автомобил забрзуваше за 5,3 секунди.
Оценките од центарот за Kia Stinger се повеќе од одлични!