fbpx

Освежената Toyota C-HR добива нов хибриден погон

Toyota ја зголемува привлечноста на компактниот кросовер C-HR во Европа со помоќен хибриден погон, ревидиран изглед и нова технологија

На погонската листа, придружувајќи го досегашниот 1,8 литарски мотор со 120 коњски сили, сега доаѓа и 2,0 литарски Hybrid Dynamic Force систем на Toyota кој испорачува моќност од 181 коњски сили и ја комбинира перформансната изведба со висока ефикасност.

Новиот хибриден модел исто така доаѓа со нов дизајн кај системот за потпирање за кој се вели дека ја подобрува удобноста при возењето, задржувајќи ги возните способности на C-HR. Покрај тоа, двата хибридни модели добиваат модифицирано EPS подесување за подобрено чувство при управување и надграден NVH пакет за дополнително намалување на бучавата во кабината.

CH-R

Благодарение на новиот погон, C-HR испушта 118 g/km CO2 според WLTP, додека основниот хибриден модел е оценет со 109 g/km. Toyota не споменува други мотори покрај двата хибридни, така што може да претпоставиме дека 116 коњскиот 1,2 литарски турбо-бензинец не е веќе достапен. Ова сепак не е неочекувано, бидејќи околу 80% од европските купувачи на C-HR ја избираат хибридната верзија.

Дополнително, со цел да го истакне драматичниот изглед и карактер на моделот, C-HR добива и стилски ажурирања. Предните светла се надградени со LED технологија, при што дневните светла и индикаторите сега се спојуваат во еден фронтален проектор, со форма на единствена линија над главниот зрак. Ревидиран е и предниот браник, а промените се застапени и во задниот дел, каде задните светла добиваат LED, а меѓусебно се поврзани со сјаен црн спојлер, кој создава единствена чиста форма.

Поврзани вести

Back to top button