fbpx

Викенд тарифа: The Small Escape

Cлободата бара храброст на поединците. BMW и тешките времиња на поделбата на Берлин

1964. Берлин е поделен град. Многу луѓе очајно се обидуваат да ја преминат границата. Тие фалсификуваат документи, лични карти, копаат тунели, се качуваат во балони со топол воздух, се кријат по автомобили, се со цел да ја поминат границата и да одат кон Запад, кон слободата.

Но, бидејќи големите возила се контролираат почесто и темелно, граѓанин од западен Берлин има навидум невозможна, но генијална идеја: најмалиот и најнезабележителен автомобил достапен во тоа време, BMW Isetta, треба да му помогне да пренесе човек преку границата кон Запад.

Поврзани вести

Back to top button