Гумен автомобил од Јапонија
Јапонскиот производител на воздушни перничиња и автомобилски делови од гума и пластика, Toyoda Gosei, претстави „мек" автомобил со името Flesby II
Инженерите и дизајнерите на компанијата веруваат дека вака ќе изгледаат автомобилите во 2030 година.
Според Јапонците за малку повеќе од една деценија автомобилите ќе бидат целосно автономни, а за патниците ќе останува само да си најдат место во меките делови во внатрешноста, кои ќе се прилагодуваат на формите на човечкото тело. Flesby II е еластичен и внатре и надвор. Панели на каросеријата се направени од иновативни гумени материјал кој пропушта светлина. Кабината може да ја промени својата форма под влијание на електричната енергија.
Благодарение на вградени LED диоди по видливите површини на Flesby II можат да се препишуваат различни пораки или да се понудат фотографии. Во случај дека биде „удрен“ од футуристички автомобил на Toyoda Gosei, пешакот ќе остане неповреден и ќе добие можеби повреди само од контактот со коловозот (доколку го има).