fbpx

Krugger FD- уникатен автомобил со 760 КС

Krugger FD е уникатен автомобил, дело на Фредерик Бертранд, кој потсетува на тркачките автомобили од 1930-тите но во модерна изведба

Времето кога можете да добиете автомобил по ваш вкус денес не е невозможно. Па така белгиски уметник и производител на мотоцикли и автомобили по нарачка го создаде Krugger FD, автомобил кој е направен по нарачка на двајца белгиски ентузијасти. Името на овој специјален автомобил ги носи иницијалите на неговите нарачатели.

Овој уникатен автомобил е рачна изработка и е создаван две и пол години. Krugger FD е автомобил кој е опремен со шест литарски W12 би-турбо мотор земен од Bentley Continental GT и има 760 коњски сили (559 kW). Моторот на Bentley Continental GT официјално има 645 КС, но во оваа изведба тој е доработен за да се добие моќност од 760 КС.

Самиот автомобил Krugger FD тежи 1250 килограми и може да достигне прилично луди брзини, но доколку се земат во предвид официјалните податоци на оригиналниот Bentley Continental GT со послаб мотор, тоа би значело дека неговата брзина би била околу 330 km/h. Автомобилот беше претставен овој викенд за време на Zoute Grand Prixa, а потоа ќе биде изложено на саемот Brussels Motor Show во делот “Dream Cars”.

Поврзани вести

Back to top button