fbpx

Volvo го претстави целосно електричниот XC40 Recharge

Ознаката Recharge компанијата ќе ја користи за сите свои модели кои се полнат, што значи и за plug-in хибридните и за целосно електричните

Volvo конечно ја претстави целосно електричната варијанта на својот мал SUV модел, XC40 Recharge. Како дел од процесот на електрификацијата на брендот, новиот XC40 претставува првиот модел од серијата на петте нови електрични возила кои Volvo има намера да ги лансира во следните пет години. Шведскиот производител на автомобили сака електричните возила да учествуваат со 50% од нивната глобална продажба до 2025 година, а останатите 50% да се хибридни автомобили.

Новиот Volvo XC40 Recharge се напојува со два електрични мотори, поставени по еден на секоја оска, кои нудат комбиниран излез од 408 коњски сили. Ова веќе ни звучи познато, затоа што тоа е истиот погонски систем кој се користи и кај претстојниот Polestar 2.

XC40 Recharge

Батерискиот пакет кај електричниот SUV претставува литиум-јонска единица од 78 kWh, благодарение на кој компанијата ветува возен опсег од преку 400 километри по WLTP циклусот и можност за полнење до 80 проценти за само 40 минути преку 150kW систем за брзо полнење. Volvo исто така проценува возен опсег од 320 километри по EPA.

„Го кажавме веќе неколку пати претходно: за Volvo Cars, иднината е електрична“, изјави Хакан Самуелсон, извршниот директор на Volvo Cars. „Денес ние преземаме нов нов чекор во таа насока со лансирањето на нашиот целосно електричен XC40 и Recharge автомобилската линија“, додаде тој.

Како новитет кај XC40 Recharge е надополнувањето на новиот инфозабавен систем кој работи на Android оперативниот систем на Google. Она во што електричниот модел се разликува од оној со конвенционална единица е понизокиот граун клиренс поради поставеноста на батерискиот пакет на подот. Просторот во багажниот простор е исто така малку намален, но усвојувањето на целосно електричен погон му овозможи на Volvo да додаде уште еден простор за складирање, под хаубата.

Цените за новиот Volvo XC40 Recharge се очекува да бидат близу до оние на Polestar 2, кој има цена од 58.800 евра во Германија. Целосно електричното Volvo се очекува да биде лансирано на европскиот пазар кон крајот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button