Официјални скици од новата Škoda Octavia
Škoda се подготвува за сосема новата генерација на моделот Octavia
Промоцијата на новата Škoda Octavia е закажана за 11 ноември и ќе се одржи во Прага, каде ќе се одбележи и 60-годишнината од првата Octavia. Од компанијата ги објавија и првите слики на моделот. За потсетување, новата Octavia ќе ја користи MQB платформата на Volkswagen, со најава дека ќе има најпространа внатрешност во својата класа.
За внатрешноста се предвидени квалитетни материјали, богата опремен, 12,3 инчен екран… Во понуда ќе се најдат Liftback и Combi верзијата. Од опсегот на мотори се очекуваат 1.0 литарски трицилиндричен бензински мотор, 1.5 литарски бензински мотор, 2.0 бензински мотор, неколку дизел мотори како и plug-in хибридна верзија. Бензинските мотори ќе бидат достапни со 48 волтен mild-hybrid систем. А на врвот на понудата ќе биде Škoda Octavia RS со 265 коњски сили.