Зипсе ветува продолжување на BMW i3
Новиот шеф на BMW Оливер Зипсе го продолжува производството на електричниот модел i3
Откако директорот за продажба, Питер Нота во септември изјави дека нема планови за наследник на моделот BMW i3, Зипсе сега стави крај на гласините за евентуалниот крај на производство.
Тој за локалниот медиум Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung изјави: „i3 ќе продолжи да се произведува, нема сомнежи околу тоа. Автомобилот е веќе икона денес. За кој автомобил може да се каже ова по само шест години? Иконите функционираат според различна логика, тие немаат класичен наследник, тие секогаш остануваат верни на самите себе во суштина. Денес, за i3 има поголема побарувачка од кога и да е, и„ ќе направи нов скок во поглед на батеријата и оперативните концепти“.
„Растеме со i3 секоја година – во Европа оваа година за околу 20%. Инвестициите се отпишани, заработуваме пари со секој i3. Зошто би требало да се откажеме од овој автомобил, кој сега е во екот на своето време? Сигурни сме дека i3 сè уште има голем потенцијал “, вели извршниот директор на BMW.
За моделот i3 е познато дека е едно од пионерските електрични автомобили на пазарот. BMW го лансираше моделот во 2013 година како тест-балон со цел да ги увиди можностите на пазарот. Се заснова на специјално дизајнирана платформа, која го направи батериското електрично возило скап потфат за групацијата уште од самиот почеток.