fbpx

Audi ја продолжува електрификацијата и во опсегот на A6

По електрификацијата на А8, Audi ја прошири линијата и на A6 моделите со plug-in хибридна верзија, која доаѓа со електричен опсег од 53 километри

Германската компанија се пофали со привлечноста на својата нова генерација на Audi А6 со претставување на новиот 55 TFSI e Quattro, plug-in хибридниот модел достапен за европскиот пазар.

Електрифицираниот седан е погонуван од 2,0 литарски четирицилиндарски мотор, кој доаѓа во комбинација со електрична единица и седум-степен S Tronic менувач. Ваквата конфигурација обезбедува комбинирана моќност од 367 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, а го забрзува хибридот до 100 km/h за време од 5,6 секунди и максимални 250 km/h. На целосно електричен режим, Audi A6 55 TFSI e Quattro достигнува брзина од 135 km/h.

Монтирана на задниот дел, литиум-јонската батерија е со капацитет од 14,1 kWh и му овозможува електричен опсег од 53 километри според WTLP циклусот. Таа може да се наполни за околу два ипол часа со помош на станици за полнење од 7,4 kW. Емисијата на CO2 се движи помеѓу 43-47 g/km, додека комбинираната потрошувачка на гориво е во границите на 1,9-2,1 l/100 km.

Audi

Зајакнувањето на спортскиот карактер на новиот Audi A6 55 TFSI e Quattro е надворешниот пакет S Line, комбиниран со црните детали на страничните капаци на огледалото и задното стакло. Автомобилот добива и Matrix LED фарови, 19-инчни алуминиумски тркала, црвени кочни шапи и спортска суспензија. Тука се и предните спортски седишта, четири-зонската клима и дигиталниот инструмен кластер.

Во Германија, новиот Audi A6 55 TFSI e Quattro ќе започне со цена од 68.850 евра, со што е за 21.350 евра поскап од основниот А6 седан.

Audi

Поврзани вести

Back to top button