fbpx

Електричниот SUV инспириран од Mustang доаѓа во ноември

Ford ја објави втората официјална скица на претстојниот електричен SUV, потврдувајќи го датумот на глобалното откривање

Новиот електричен SUV модел на Ford, инспириран од спортското купе Mustand, ќе дебитира за време на специјалниот настан во Лос Анџелес, пред самиот саемот на 17ти ноември оваа година.

Новата скица ги открива линиите на телото на претстојниот електричен кросовер, јасно покажувајќи ја врската со Mustang. Тука се вклучени силни линии по страничноста на моделот, облик на опкружување на прозорецот, па дури и наклонот на хаубата. Исто така, се појавуваат и предните и задните светлосни уреди, што ги имаат карактеристичните ленти од Mustang.

Спецификациите се сеуште непознати, но она што се знае е дека автомобилот ќе доаѓа со возен опсег од околу 600 километри по WLTP циклусот. Ова ќе биде првиот Ford дизајниран како е-возило на целосно нова архитектура, при што ќе биде достапен со погон на задни и на сите четири тркала.

Моделот што ќе се открие на 17 ноември се очекува да биде концепт на скоро производствената верзија, при што Ford ќе објави повеќе детали и како неговото целосно име за време на тој специјален настан.

Поврзани вести

Back to top button