Првиот мотор на Aston Martin ќе биде претставен идниот месец
Aston Martin ги прифати кросоверите и хиперавтомобилите, а сега компанијата ги открива плановите за низа мотоцикли со ограничено издание
Деталите се ограничени, но Aston Martin е во соработка со Brough Superior за изградба на мотор кој нуди совршен баланс помеѓу перформансите и дизајнот.
За проектот е малку познато, но од двете компании изјавија дека првиот мотор е резултат на комбинираната визија на извршниот потпретседател на Aston Martin, Марек Рајхман и извршниот директор на Brough Superior, Тиери Хенриет, кои се обожаватели на мотори.
Објавената тизер скица од новиот модел на мотор не открива многу, но сугерира дека тој ќе биде стилски модел со високи перформанси, со тенок резервоар и едно седиште. Компаниите исто така навестија дека може да користат иновативни инженерски решенија, како и најдобри материјали.
Нема никаков збор за цената, но моторот би можел да биде најприфатливиот модел на Aston Martin.