fbpx

Audi TT ќе биде заменет со електричен кросовер

Пред неколку месеци, Audi потврди дека ќе го „убие“ својот спортски автомобил, а сега се појавија дополнителни детали за моделот што ќе го заменува

Во мај, претседателот на Audi, Брам Шот изјави дека спортскиот автомобил ТТ ќе биде заменет со нов емотивен модел во истиот опсег на цени, кој ќе доаѓа со со целосен електричен погон.

Се тврди дека производителот разговарал за иднината на моделот уште од 2014 година, кога поранешниот шеф Руперт Стадлер предложил спортското купе да се замени со бензинска Sportback изведба или кросовер. Оттогаш, Audi воведе различни нови електрични модели и одлучи дека сепак кросовер изведбата би била најпогодна, која засега го носи името eTTron.

Audi

Електричниот модел, наводно ќе биде помал од Q3, со должина од околу 4,35 метри, при што се очекува да биде и прилично понизок. Базиран ќе биде на влезната MEB архитектура на Volkswagen Group, во обид да се намалат трошоците. Оваа платформа исто така е и многу пофлексибилна, дозволувајќи му на производителот на автомобили да понуди повеќе различни варијанти со различно ниво на изведба.

Се очекува основната изведба на кросовер замената на TT да доаѓа со погон на задните тркала овозможен од електричен мотор кој ќе испорачува приближно 200 КС. Малку погоре во опсегот ќе се наоѓа системот со две електрични единици и погон на сите четири тркала, а што се однесува до батерискиот пакет, достапни би биле 45 kWh, 58 kWh и 78 kWh, со опсег од 320 до 547 километри.

Поврзани вести

Back to top button