Тешките возила на Daimler CO2 нетурални до 2039
Нов CO2 неутрален возен парк, каде првите електирчни камиони ќе започнат со масовно производство до 2022 година
Daimler најавува нов CO2 неутрален возен парк за својот сектор за комерцијални возила во најважните региони, за 20 години. Тие најавија дека првите електрични камиони ќе започнат со масовно производство до 2022 година.
Производителот ветува дека ќе понуди нови возила на европскиот, јапонскиот и NAFTA пазарот од 2039 година кои ќе бидат CO2 неутрални. До 2022 година, опсегот на возила на Daimler Trucks & Buses во централните региони на продажба во Европа, САД и Јапонија треба да вклучи производствени возила со погон на батерија. Првите возила, како што се Fuso eCanter или Mercedes eActros, веќе ги користат клиентите, но сепак не се производни возила.
Во мај, новиот извршен директор Ола Колиниус објави дека патничкиот возен парк на Дејмлер ќе стане СО2 неутрален до 2039 година, при што го нарече проектот „Ambition 2039“. Тука спаѓа и случајот со тешките товарни и комерцијални возила.
До крајот на следната деценија, Daimler Trucks & Buses планира во опсегот да ги додаде и возила погонувани на водородни ќелии. Производителот веќе десетина години работи на ваков вид на прототипни возила. Преглед на ова беше овозможен на Саемот во Токио, каде компанијата премиерно го претстави прототипот Vision F-Cell на јапонската подружница марка Fuso.