fbpx

Официјално објавен планот за здружување на PSA и FCA

Соединувањето од 50/50 на двете групации ќе го создаде четвртиот по големина производител на автомобили во светот

Гласините за соединувањето на PSA и FCA беа вистина. Двете групации се согласија да работат на соединување 50/50, што ефикасно ќе доведе до создавање на четвртиот по големина производител на автомобили во светот, со годишно продадени 8,7 милиони автомобили.

Планот е акционерите на секоја компанија да поседуваат 50% од капиталот на новокомбинираната автомобилска група, за што се предвидува да постигнат 80% од колаборацијата по четири години и да ги намалат трошоците за приближно 2,8 милијарди евра.

Врз основа на резултатите на двете компании за 2018 години, спојувањето ќе доведе до комбинирани приходи од скоро 170 милијарди евра и периодична оперативна добивка од повеќе од 11 милијарди евра. Според договорот меѓу двете страни, спојувањето помеѓу PSA и FCA ќе се направи под холандска матична компанија, која ќе биде наведена на New York Stock Exchange, Borsa Italiana (Милано) и Euronext (Париз).

Според договорот на двете автомобилски групации, колаборацијата нема да вклучи затворање на погони. Новоформираната управа ќе има 11 членови, петмина номинирани од FCA, петмина од PSA, со Карлос Таварес како главен извршен директор за почетен петгодишен мандат кој исто така ќе биде член на одборот.

Пред да влезе во партнерство со PSA, FCA скоро потпиша договор за спојување 50/50 со Renault пред неколку месеци, кој пропадна поради нејасни политички услови.

Поврзани вести

Back to top button