SsangYong открива детали за целосно електричниот Korando
Првиот електричен SsangYong ќе биде кросовер модел, поставен за лансирање во 2021 година
SsangYong ги потврди спецификациите за електрична верзија на кросоверот Korando. Првото возило со нулта емисија на корејците и привремено е наречено Korando E100, а ќе биде лансирано во првиот квартал од 2021 година.
Електричниот кросовер ќе биде погонуван од електрична единица која ќе произведува 188 коњски сили, што е за 27 коњски сили повеќе од моќноста која ја испорачува 1,5-литарскиот мотор на бензинскиот модел на најмоќниот Korando. Бројките околу забрзувањето се непознати, но Ssangyong тврди дека тие ќе бидат „најдобри во класата“. Како и кај многу други е-возила, максималната брзина се проценува дека е прилично скромна со 95 km/h, со цел да се зачува батеријата.
Самата батерија е произведена од LG Chem и има капацитет од 61,5kWh. Според производителот, ова е доволно за опсег од над 420 километри, според циклусот на тестирање NEDC. Ова е помалку од опсегот од 550 километри што NEDC го тврди за Hyundai Kona Electric, но сепак треба да овозможи опсег во реалниот свет од над 300 километри.
Како што е, директни ривали за Korando Е100 нема, но Kia e-Niro и Hyundai Kona Electric претставуваат најблиско остварување во моментов, иако и двата модели се физички помали со помал ентериер и багажен простор.